Во Тирана договорена имплеменатација на проектот на ГЕФ за сливот на Дрим

Bez autora
May 27 2013

Претставниците на Македонија, Црна Гора и Целта и домаќинот Албанија, во понеделникот во Тирана ја договорија имплементацијата на проектот Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) за одржливо управување со сливот на реката Дрим, чија цел е промовирање на здруженото управување на трите држави со заедничките води на Дримскиот басен. Имплементирачка агенција е UNDP, додека UNOPS, UNECE и GWP-Med се непосредни извршители. На отворањето на почетниот состанок на ГЕФ проектот со наслов „Овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управување со водените ресурси во поширокиот Дримски басен" во средата зборуваше заменик министерот за животна средина, м-р Стево Темелковски.

Во Тирана договорена имплеменатација на проектот на ГЕФ за сливот на ДримПретставниците на Македонија, Црна Гора и Целта и домаќинот Албанија, во понеделникот во Тирана ја договорија имплементацијата на проектот Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) за одржливо управување со сливот на реката Дрим, чија цел е промовирање на здруженото управување на трите држави со заедничките води на Дримскиот басен.

Имплементирачка агенција е UNDP, додека UNOPS, UNECE и GWP-Med се непосредни извршители.

На отворањето на почетниот состанок на ГЕФ проектот со наслов „Овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управување со водените ресурси во поширокиот Дримски басен" во средата зборуваше заменик министерот за животна средина, м-р Стево Темелковски.

Потенцирајќи го задоволството, што три од петте држави кои го делат Дримскиот басен, меѓу кои и Република Македонија, стигнаа до моментот на отпочнување конкретен проект за заштита на басенот, со поддршка на ГЕФ, заменик министерот Темелковски рече дека повеќегодишните заложби за воспоставување на координирана акција на ниво на Дримскиот басен станаа возможни дури со потпишувањето на Меморандумот за соработка од страна на ресорните министри од Земјите што ги опфаќа сливот на реката Дрим и воспоставувањето на Заедничката визија за одржливо управување на сливот.

„Целите кои ги поставува овој проект се засновани на препознавање на потребите за заедничко менаџирање со водените ресурси, координацијата на еколошките и енергетските потреби и потенцијали во басенот, а предвидуваат воспоставување на заеднички мониторинг, заеднички Акционен план и институција, голем број пилот проекти и план за управување со сливот и езерата во него", рече Темелковски.

Подготвителната фаза на проектот чија вредност се проценува на четири ипол милиони американски долари ќе трае до крајот на 2013 година, а имплементацијата ќе стартува во почетокот на 2014 година.

Покрај почетниот состанок на проектот, во Тирана ќе се одржат и Првиот состанок на страните во Дримскиот басен како и 8-от состанок на ткн Дримската Кор група на кои ќе се донесат важни заклучоци за идните чекори за имплементација на Меморандумот за заедничка визија во Дримскиот басен.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik